InfiniteMac OSx86  


Reply
 
Thread tools Display modes
  #1  
Old 12-21-2009, 09:15 PM
Coolzrock Coolzrock is offline
Cheetah
 
Join Date: Jan 2009
Posts: 11
Exclamation Правила (на македонски јазик)

Добредојдовте на InfiniteMac форумите! Ние се трудиме да дискутираме и дебатираме, но како и сите останати форуми имаме правила што мора да се почитуваат.
Правилата се специјално напишани за членовите на InfiniteMac форумите. Ве молам прочитајте ги, и почитувајте ги.

1) Барај ги форумите, пред да додадеш нова тема. Твоето прашање или коментар, можеби веќе постои или е одговорено.

2) Создади разбирлив наслов. "Mac OS X 10.5.6 Проблем со ажурирање" ќе биде многу повеќе разбирливо од "Помогни!" или "Помош!".

3) Двојно додавање на теми на истата тема не е дозволено, бидејќи најчесто ги буни посетителите, и најчесто спречува добивање на разумен одговор.

4) Биди трпелив. Немој да очекуваш одговор веднаш. Сите корисници на оваа заедници го користат форумот и допринесуваат на него, кога сакаат.

5) Помагај на другите. Форумот е заедница што најдобро функционира со луѓе што споделуваат информации и помагаат на тие што им треба помош.

6) Користи правилен Англиски, што повеќе. "l33t" пишување, не е дозволено и ќе биде избришано. Ако сакате да прашате, одговорите или коментирате нешто на македонски јазик сторете го тоа во оваа секција.

7) Ако немаш нешто добро да кажеш, најдобро е да не пишеш ништо.

8) Почитувајте се. InfiniteMac е пријателско место, и сакаме да биде така. Нема да трпиме никаков вид на рацизам, навредување и слично. Членовите не треба да се однесуваат како "неофицијални модератори", само треба да пријават (REPORT копче), ако видат нешто несоодветно.

9) Без пиратерија. Членовите треба да ги почитуваат авторските права на другите корисници, сајтови, медија и сл. Корисниците што додаваат пиратерија (кракови, торенти и сл.) ќе добијат опомена и нивната тема ќе биде избришана.

10) Додавање на Mac OS X дадотеки не е дозволено. Само линкови до софтвери со отворен код (darwin) се дозволени. Софтвери или драјвери што се кракувани директно од Apple, не се дозволени заради проблеми со законот.

11) Без несоодветна содржина. Сите членови треба да знаат дека на форумот има членови од сите возрасти. Додавање на порнографија или навредувачки текст, јазик, слики, линкови и сл. нема да биде толерирано и ќе донесе до опомена.

12) Непочитување на горенаведените правиле ќе донесе до опомена или можно суспендирано време.

13) Во овој дел на форумот, дозволено е само пишување на кирилица, и македонски јазик.

[ www.x86macedonia.info.tm --- Coolzrock ]

FIJUTSU LIFEBOOK AH530-GFX
Processor: Intel i3 M370
Graphic Card: ATI Mobility Radeon 4650 1GB
Operative System: Windows 7 Ultimate & Snow Leopard
Reply With Quote
  #2  
Old 12-21-2009, 11:53 PM
flip360 flip360 is offline
 
Join Date: Jan 2008
Location: Macedonia
Posts: 299
Здраво
Баш ми е драго што еве и на македонски јазик да се разбереме на инфинит мек
Би било добро да се пријави уште некој јузер од македонија. Мојата конфигурација ја имам подоле и мислам дека имам доста стабилни ванила скоро инсталации,
се читаме подоцна,

Чирс (по нашки)

MSI P5Q / C2D E8400 @ 3.0 Ghz / 8GB DDR2 800Mhz / PCIe ECS 9600GT 1Gb / ALC1200 / Windows 7 / OS X 10.8
ASUS K50IN (SX004L) / C2D T6400 @ 2.0 Ghz / 4GB DDR2 800Mhz / nVidia G102M 512Mb / 15.6" HD/LED / ALC662 / Dell 1490 802.11g / Windows 7 / OS X 10.8
Reply With Quote
  #3  
Old 12-22-2009, 11:36 AM
KUZMAN KUZMAN is offline
Cheetah
 
Join Date: Dec 2009
Location: Macedonia
Posts: 1
Thumbs up

Здраво дечки!

Случајно ве најдов на веб.
Баш ми е мило што ете има се повеќе Македонци што користат Macs и Apple софтвер.
Ќе ми биде мило ако овде се соберат доста луѓе за да вистински заживее форумов и на Македонски јазик да си разменуваме искуства и да си помагаме за било какви проблеми или успеси врзани со Apple хардвер и софтвер.

Гледам никој сеуште нема отворено нова тема за ништо, па еве тука ќе поставам едно прашање што се надевам админите ќе го префрлат во соодветна нова тема (или треба јас да ја почнам?)

Ги симнав македонските фонтови од страната на министерството за информатичко општество во .rar формат и ги декомпресирав со stuffit, ама се во посебни фолдери т.е. "фонт-фамилии", па не знам како треба да ги инсталирам на мојот Mac за да можам да ги користам во сите програми што ги користам (Microsoft Office for Mac, Adobe CS4).
Дали треба целите фолдери да ги drag-and-drop во фолдерот System>Library>Fonts или треба да ги отворам и поединечно да ги селектирам и да ги drag-and-drop таму?

Или можеби нешто трето?

Инаку користам Snow Leopard v. 10.6.2

Голема благодарност однапред и надеж дека стварно ќе заживее овој Македонски подфорум тука.
Reply With Quote
  #4  
Old 12-22-2009, 02:19 PM
flip360 flip360 is offline
 
Join Date: Jan 2008
Location: Macedonia
Posts: 299
Здраво,

мислам дека ova ќе ти помогне:

Locate the fonts you want to install. TrueType fonts will have one file while PostScript (Type 1) fonts for the Mac will have both a printer and screen font.
Drag the fonts to the System Folder. Click OK when prompted.

Tips:
If you have some programs running while installing fonts, they may require that you exit the application and restart for the new fonts to be available.

или пронјади некаков софтвер за менаџирање на фонтови на мек,

поздрав

MSI P5Q / C2D E8400 @ 3.0 Ghz / 8GB DDR2 800Mhz / PCIe ECS 9600GT 1Gb / ALC1200 / Windows 7 / OS X 10.8
ASUS K50IN (SX004L) / C2D T6400 @ 2.0 Ghz / 4GB DDR2 800Mhz / nVidia G102M 512Mb / 15.6" HD/LED / ALC662 / Dell 1490 802.11g / Windows 7 / OS X 10.8
Reply With Quote
  #5  
Old 01-24-2010, 04:46 PM
sini6a sini6a is offline
Puma
 
Join Date: Dec 2009
Posts: 14
Здраво. Како сте? Инаку јас сум од тетово, колку за инфо. А ме интересираше и некој да не знае дали можам да најдам инсталер како што имаат iAtkos, iDeneb ама за Сноу Леопард, бидејќи пробав неколку пати преку туториали со ДСДТ пачер и слично. (како што оди во туториалот) ама не ми одеше. Да не знае некој каде можам да најдам инсталер сосе пач и се?
Reply With Quote
  #6  
Old 01-26-2012, 07:11 PM
ruzin ruzin is offline
Cheetah
 
Join Date: Jan 2012
Posts: 1
ЕЕ на македонски браво браво

Случајно ве најдов ајде да ве поздравам. И да си кажам маката. Инсталирав iDeneb инсталацијата си мине без проблем боотира и после воведното јаболко плав екран и си стои. Претпоставувам дека е проблем со графичката intel 945. Ајде поздрав


Reply With Quote